Германските медиуми од ден на ден шпекулираат за тоа кој ќе го замени Нико Ковач на клупата на Баерн.
Имињата на Арсен Венгер, Томас Тухел, Жозе Мурињо постојано се ротираат како потенцијални тренери, а најголема желба на сите во клубот е наводно Пеп Гвардиола, кој моментно го води Манчестер Сити.
Германците изјавуваат дека Гвардиола продолжува да одржува одлични односи со администрацијата на гордоста на Баварците и дека има купена куќа во Минхен, а во случај на враќање, Ковач би добил повеќе од достоен наследник.
Приказната за враќањето на Гвардиола за весникот „Билд“ ја коментираше и иконата на клубот Лотар Матаус.
„Ако Баерн сака да изгради игра на посед на топка, тогаш нема подобро решение од Гвардиола. Тоа би било победа за Баерн и Бундеслигата“, изјави Матаус.
Сепак, некои медиуми во Германија не се оптимисти во врска со враќањето на Гуаридола. Претежно затоа што шпанскиот стручњак постојано изјавува дека има намера до крајот да го испочитува неговиот договор со Манчестер Сити …