ФУДБАЛ

Матео Ковачиќ нема да му помогне на Челзи против Реал Мадрид

Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ (26) ќе го пропушти првиот натпревар во полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Реал Мадрид во вторник.

Одличниот 26-годишен играч за врска има проблеми со повреди и е единствениот играч на Челзи на кој менаџерот Томас Тухел нема да може да смета на првиот натпревар против Реал.

 

Не е познато кога Ковачиќ би можел да се врати на терените. Лесно може да се случи да го пропушти натпреварот од Премиер лигата против Фулам (1 мај), но и реваншот против Реал Мадрид на Стемфорд Бриџ (5 мај).

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел истакна дека се надева дека Ковачиќ ќе биде подготвен за Фулам, но не е стопроцентно сигурен дека ќе биде така.

“Можеме да се надеваме дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против Фулам. Лекарите ќе одлучат, но мислам дека тој може да биде подготвен за тој натпревар”, истакна Тухел.

 

Секако, Ковачиќ нема да биде на мечот против Вест Хем утре. Тој нема да патува за Мадрид со остатокот од тимот и ќе тренира според посебна програма во наредниот период.

Хрватскиот фудбалер пристигна во Челзи во 2018 година од Реал Мадрид и сигурно е дека би сакал да игра на натпревар против клуб во кој не доби вистинска шанса, но засега повредата е посилна од него.

Ковачиќ 109 пати играше во дресот на Реал. Сепак, тој никогаш не беше главен избор во средниот ред на Реал и реши да го напушти клубот.

Засега тој блеска во Челзи. По одреден период на прилагодување, тој стана важен играч за тимот, а за „сините“ одигра вкупно 137 натпревари и постигна два гола.

Оваа сезона Ковачиќ настапи на 39 натпревари за Челзи.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига