Торински Јувентус не игра како што се очекуваше оваа сезона и навивачите на овој клуб веќе се простија од одбрана на титулата.
По девет последователни шампионски титули, „бјанконерите“ ќе му го препуштат Скудетото на Интер, а до крајот на сезоната Старата дама ќе води голема борба за пласман во Лигата на шампионите.
Од второ до петто место, разликата е само четири бода. Милан е втор со 63 бода, следен од Јувентус (62), Аталанта (61) и Наполи (59)
Легендата на Интер, Марко Матераци смета дека Милан е тим кој сигурно заслужува место во Лигата на шампионите, а Јувентус го смета за најлош од четирите екипи кои се борат за Лигата на шампионите.
“Мислев дека Милан ќе изгуби бодови, но тие врзаа неколку добри натпревари. Тие заслужија да одат во Лигата на шампионите”, рече Матераци и продолжи:
“Аталанта оди напред со сите сили, а Јувентус е најлошиот тим од сите што се борат за Лигата на шампионите. Натпреварите помеѓу Наполи – Интер и Атланта – Јувентус ќе бидат клучни”, смета Матераци.
Поранешниот фудбалер е изненаден како Наполи е на врвот на табелата кога Џенаро Гатузо имаше огромни проблеми со составувањето на тимот.
“И покрај голем број проблеми, Гатузо го подигна тимот и тие го освоија Купот на Италија. Тој скоро никогаш не ги имаше на располагање сите напаѓачи. Останувајќи кога играте без Осимхен и Мертенс, а да не зборуваме за отсуството на Кулибали”, рече Матераци.
Матераци беше дел од тимот на Интер кој ја освои последната шампионска титула во 2010 година, а вкупно Скудетото со Нероазурите го освои пет пати.