Легендарниот Лотар Матеус истакна дека Џулијан Нагелсман добро ја завршил работата во Баерн, и дека не му е јасна причината за отказот.
Во интервју за „СПОКС“, легендата на светскиот фудбал ги коментираше решенијата на својот поранешен клуб на местото тренер.
Матеус не веруваше дека отказот на Џулијан Нагелсман ќе излезе од ведро небо по се што постигна.
“Тоа беше големо изненадување за многумина, не само за мене. Нагелсман направи добра работа и ја освои Бундеслигата, можеби не беше толку добар во Лигата на шампионите во првата година. Но оваа година против ПСЖ, Интер, Барселона се е победи. Не беше совршено во Бундеслигата, но тој не беше далеку од трофејот, на почетокот мислев дека е шега, но не беше 1 април. Многу играчи беа задоволни со него и имаа пофалби за него кога си замина, Горецка и Кимих на пример, мора нешто да се случило за Баерн да ја донесе таа одлука“, изјави поранешниот тренер на Партизан.
Матеус понатаму наведува дека Томас Тухел имал сосема поинакви планови, сакајќи да замине во Италија.
“Тухел беше блиску до преселба во Јувентус. Баерн беше нервозен, Тухел беше слободен, а Баерн не веруваше 100 отсто во Нагелсман. Не можат да го отпуштат ако освоеше три титули, па затоа решија да го отпуштат”. истакна.Матеус.
Баерн се уште се бори за трофејот во Германија, додека во Лигата на шампионите испадна во четврт-финалето од Манчестер Сити.
