Фудбалерот на српската репрезентација Немања Матиќ дефинитивно нема да остане во Манчестер Јунајтед.
Веста ја објавија вчера англиските медиуми, според кои Матиќ го отфрлил предлогот за потпишување на нов договор и ќе го напушти „Олд Трафорд“ како слободен агент на крајот на сезоната.
Следната станица на Матиќ најверојатно ќе биде Италија, но не и Милан, кој во последниве недели се поврзува со овој 31-годишен играч од средниот ред.
Росонерите, наводно, се „ладат“ од високата плата што Матиќ моментно ја има во Манчестер Јунајтед, оставајќи ги само Интер и Јувентус во трката, кои оваа сезона се на врвот во Серија А.
Во првиот дел од сезоната, Матиќ немаше место во Манчестер Јунајтед, но во меѓувреме ги искористи повредите на соиграчите на вистински начин и повторно се смири со тимот. На крајот, како што стојат работите, сепак ќе ја напушти Англија и ќе ја сменат средината по три години.