ФУДБАЛ

Мацари: „Дојдов во Неапол да решавам проблеми“

Искусниот италијански стручњак Валтер Мацари се врати во Наполи за време на репрезентативната пауза, каде го наследи разрешениот Руди Гарсија како тренер.

Актуелниот шампион на Италија не ја отвори добро сезоната во Серија А, а има десет бода помалку од лидерот Интер и е само четврти со 21 бод, а Мацари ќе дебитира в сабота од 18 часот, кога „наполитанците“ гостуваат во Аталанта. .

„Возбуден сум, ова е без сомнение најдобриот тим што некогаш сум го тренирал. Немам што да се жалам. Добро спијам и опуштен сум“, рече Мацари.

Овој Наполи може многу, смета искусниот стратег.

„Минатата сезона, Наполи создаде ремек-дело со Лучијано Спалети. Кога ќе видите таков тим, се надевате дека ќе го водите еден ден. Наполи е мојот втор дом и дојдов тука да ги решам проблемите“,

ПОВРЗАНО

Серија А