ФУДБАЛ

Матуиди: Немав никакви симптоми, но кога ги слушнав вестите бев шокиран

Играчот од средниот ред на Јувентус, Блез Матуиди е еден од тројцата играчи на „Старата дама“ што го прележаа коронавирусот.

На Матуиди му беше дијагностициран коронавирус во март, но беше во можност целосно да се опорави, но признава дека бил во тотална паника кога му рекоа дека е позитивен за Ковид-19.

“Искрено, беше тешко. Кога бев позитивен на вирусот, не можев да излегувам никаде. Бев психотичен. Мора да бидете ментално силни. Ќе биде потребно време, ќе биде нова ситуација за сите нас”, рече Матуиди и продолжи:

“Немав никакви симптоми, но веднаш штом ја слушнав веста, бев шокиран. Бев во целосна паника, се плашев за моето семејство и пријателите. Ова не е добро време, сакам да заврши што е можно поскоро.”

На крајот, тој се прашува што ќе се случи со фудбалот и секојдневниот живот и дали работите ќе се вратат во нормала. Освен него, Даниеле Ругани и Пауло Дибала беа позитивни во Јувентус, а за среќа на крајот сите се лекуваа.