Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Блез Матуиди го пофали тимскиот колега Кристијано Роналдо.
Тој во изјава за „RMC Sport“ кажа дека Роналдо тренира и ден и ноќ и е вистински пример за останатите соиграчи кои покрај него напредуваат.
Како пример тој го зеде натпреварот против Манчестер Јунајтед, односно времето по натпреварот.
“Ние после натпреварот против Манчестер Јунајтед бевме уморни, сите освен Кристијано. Тој тренира како луд откако дојде тука, тој е посветен повеќе од било кој друг и ми рече дека мора да биде таков”, изјави Матуиди и додаде:
“Затоа, со 33 години е пример за сите нас и ни дава дополнителен стимул. Не е пример само на тренинзите, исто така и на натпреварите. Може да се направи нешто, што другите не можат, а тоа може да му помогне на тимот да игра подобро игра. Ние сите се чувствуваат многу посилни откако е со нас. Тој е вистински лидер”, рече Матуиди.
Роналдо откако се приклучи на редовите на Јувентус одигра вкупно 12 натпревари во сите натпреварувања и постигна седум гола и пет асистенции.