Италијанскиот стручњак Маурицио Сари (62) може да ја продолжи тренерската кариера во истанбулскиот гигант Фенербахче.
Турскиот клуб го отпушти Ерол Булут и улогата на привремен тренер, а до крајот на сезоната го презеде спортскиот директор Емре Белезоглу.
Управата на клубот, предводена од претседателот Али Кош, започна преговори со 62-годишниот стручњак и тие му понудија работа.
Наводно, Сари е многу близу до договор со Фенер. За следната недела е закажана нова рунда преговори, а потоа треба да се знае дали Италијанецот ќе ја преземе тренерската позиција.
Последниот ангажман Сари го имаше во Јувентус со кого ја освои титулата, а претходно работеше во Челзи и Наполи.