Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди (28) на Инстаграм објави дека ќе продолжи да биде член на францускиот ПСЖ.
Во претходните месеци, Икарди постојано се поврзуваше со напуштање на редовите на парискиот клуб, но тоа нема да се случи.
Аргентинецот денеска јасно стави до знаење на Инстаграм дека ќе остане член на „светците“ во следните две сезони.
View this post on Instagram
“Оваа, како и следната сезона, ќе бидам играч на ПСЖ. Немаше сомнеж во тоа”, кратко изјави Икарди.

Икарди е обврзан со договор со ПСЖ до летото 2024 година. Тој е во парискиот клуб од 2019 година, а ПСЖ го купи минатото лето.
View this post on Instagram
Мауро одигра 62 натпревари за ПСЖ во изминатите две сезони и постигна 33 голови.