ФУДБАЛ

Мауро Икарди веќе избра нов тим

Мауро Икарди игра одлична сезона во францускиот ПСЖ, но очигледно нема да игра таму следната сезона.

Иако францускиот шампион е подготвен да го купи Икарди од Интер, „Ла Репблика“ тврди дека Икарди сепак ќе избере нов тим.

Аргентинскиот напаѓач многу сака да замине во Јувентус. Тој е подготвен да ја прифати понудата на тимот од Торино на крајот на сезоната и нема да е ни чудо што ќе го гледаме во дресот на „Старата дама“ следната сезона.