Српскиот судија Милорад Мажиќ немал чест да го суди финалето на Светското првенство.
Мазиќ има судено финале во УЕФА Супер Купот и Лигата на шампионите, а беше кандидат за спроведување на правдата во финалето на натпреварот на Светското првенство меѓу Франција и Хрватска.
“Не ме сфаќајте погрешно, би било непријатно да влегувам подлабоко во таа тема. Вистината е дека не можевме да го судиме натпреварот во кој игра хрватскиот тим. Ете, тоа доволно кажува. По четврт-финалниот – дербито меѓу Бразил и Белгија – за нас се отвориа речиси сите врати, но на крајот една не, на наша тага. Искуство едноставно не учи – ќе ни се отвори друг животна врата … “, рече Мазиќ за „Nedjeljnik“.
Мазиќ се смета за еден од најдобрите европски судии и добива шанса на големите натпреварувања, но во Москва не доби шанса.