Најискусниот фудбалер во бразилската репрезентација Дани Алвеш во својата богата кариера имаше можност за соиграчи да ги има едни од најдобрите фудбалери на 21 век, а ги коментираше и квалитетите на француската суперѕвезда Килијан Мбапе споредени со колегите од нападот во Пари Сен Жермен.
За време на неговите успешни денови во Барселона, Дани Алвеш од прва рака виде колку е ефективно партнерството помеѓу Лионел Меси и Нејмар, двајцата фудбалери кои моментално играат во нападот на Париз со Мбапе.
„Мбапе е феномен, но се уште не сфатил дека оние кои играат со него во напад се поголеми феномени од него. Нејмар и Меси се единствени. Тие прават работи што никој друг не може да ги види или направи. Голем играч мора секогаш да знае со кого игра, мора да ги познава соиграчите и да ги збогатува нивните квалитети. Нејмар и Меси се двајца генијалци“, изјави 39-годишниот Дани Алвеш за италијанскиот весник „Газета дело спорт“.
„Мислев дека сум добар со топката, но кога играв со Лео, му ја дадов топката. Истото со Нејмар. Ако Мбапе им ја дадеше топката на Меси и Нејмар, ќе постигнуваше 150 гола по сезона“, изјави славниот бразилски фудбалер, кој во кариерата освои дури 43 трофеи.
https://twitter.com/Snaihtniroccccc/status/1595889693207724032