ФУДБАЛ

Мбапе е сон на Реал, но и невозможна мисија за оваа година

Килијан Мбапе е голема желба на управата на Реал Мадрид.

Одамна се шпекулира дека кралевите ќе испратат богата понуда за францускиот фудбалер, кој ќе ги сруши сите рекорди, но за ова лето е невозможна мисија.

„Не е тајна дека Реал силно го сака Мбапе, но неговиот трансфер ова лето изгледа како невозможна мисија. Реал чека и се надева дека Мбапе ќе одбие да ја продолжи соработката за да отвори можност за трансфер за 2021 година”, пишува Марка.

Трансферот на Мбапе сигурно може да биде најголем на сите времиња, и треба да го надмине оној што го направи Нејмар кога се пресели од Барселона во ПСЖ.

Во летото 2017 година, парижаните платија неверојатни 222 милиони евра за бразилскиот фудбалер, апсолутен рекорд.