Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе го сруши рекордот на sвездата на Барселона, Лионел Меси.
Французинот вчера постигна хет-трик во длабоката победа над Клуб Бриж кој го претвори во најновиот играч кој постигна хет-трик во Лигата на шампионите.
Откако се врати од повреда, 20-годишниот играч влезе во натпреварот во 52. минута и успеа да постигне 3 гола. Овој рекорд го имаше Лионел Меси, кој постигна хет-трик во Лигата на шампионите на 21-годишна возраст.
На третото место за овој рекорд останува легендата на Реал, Раул кој го постигна ова на возраст од 22 години.