Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе постави рекорд во Лигата на шампионите. Тој стана најмладиот фудбалер кој успеал да постигне 15 голови. Мбапе во игра против Бриж влезе од клупата, и за само 22 минути постигна три гола и една асистенција во победата од 5:0.
Мбапе има 20 години, а е една година помлад од учинокот на Лионел Меси, кој со 21 година стигна до 15 голови во ЛШ.
Воедно францускиот интернационалец стана првата „резерва“ кој успеал да постигне хет-трик по Жозеп Љоренте од Виљареал во 2008 година.