Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ на крајот од оваа сезона.
Мбапе во неколку наврати одби да го продолжи договорот со парижаните и јасно им стави до знаење на клупските челници дека сака нов предизвик во кариерата и дека ќе ги напушти на крајот на сезоната.
ПСЖ летово имаше можност да го продаде Мбапе за цели 180 милиони евра кои ги понуди Реал Мадрид, но тие одбија и решија да го задржат Французинот, иако се свесни дека на крајот од сезоната ќе замине бесплатно.
Мбапе од почетокот на јануари има право да преговара со други клубови, но се чини дека уште на стартот оди во Реал Мадрид.
Германскиот Билд денеска објави дека Мбапе и кралскиот клуб веќе постигнале договор и дека тој сигурно кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.
🚨🚨 BREAKING: Real Madrid and Kylian Mbappé have reached an agreement. He will sign this summer as a free agent and earn around €50m-a-year.
(Source: BILD) #DeadlineDay pic.twitter.com/qebW1GHeDc
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 31, 2022
Наводно, Мбапе ќе биде еден од најплатените спортисти во светот, бидејќи во Реал Мадрид ќе заработува дури 50 милиони евра годишно.
Се очекува Реал Мадрид наскоро да го официјализира договорот со Мбапе и да потврди дека францускиот напаѓач кариерата ќе ја продолжи на „Сантијаго Бернабеу“ од следното лето.