Златан Ибрахимовиќ е 18 години постар од Килијан Мбапе и 19 години од Ерлинг Халанд.
Ибрахимовиќ одбележа една фудбалска ера со своите голови играјќи за некои од најголемите европски тимови, но свесен е и дека доаѓаат некои нови деца, а тоа пред се се однесува на Мбапе (ПСЖ) и Халанд (Борусија Дортмунд).
Овие двајца тинејџери се веќе најбараните фудбалери во светот и веќе соборуваат рекорди, ги сакаат великаните, им се предвидуваат блескави кариери, златни топки… И самиот Ибра, се чини, не е сигурен кој е подобар од два од нив, но според него одговорот може да се заклучи дека малку повеќе го фаворизира Мбапе, кого го спореди со својот идол – Бразилецот Роналдо.
“Кого сакам меѓу младите луѓе? Сакам елегантни играчи, играчи кои се максимално комплетни. Кога си фудбалер разбираш како да се движиш, како да размислуваш и како се однесуваат другите играчи. Ги сакам оние кои ги предвидуваат работите пред да се случат“, започна напаѓачот пред да го донесе својот прв заклучок:
„Мислам дека Мбапе ме потсетува малку на Роналдо, Ел Феноменo, неговата игра е многу елегантна.“
Потоа се сврте кон коментар за норвешкиот репрезентативец.
“Халанд е исто така многу силен, бидејќи е опседнат со постигнување голови. Гледам дека е многу интелигентен, само сака да постигнува гол и знае како да го направи тоа”, изјави Ибрахимовиќ.
Мбапе веќе има постигнато 145 гола за ПСЖ, Халанд постигна 76 од доаѓањето во Борусија, на само 74 натпревари. Нивните бројки се импресивни и во иднина би можеле да имаме голема борба меѓу нив двајца за Златната топка како Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Ако се земат предвид зборовите со кои арогантниот Ибрахимовиќ зборува за нив, тогаш се е јасно.