ФУДБАЛ

Мбапе имаше невообичаено барање до главниот судија

Цела фудбалска Европа зборува за судијата Себастијан Колтеску од Романија, поради чии расистички навреди Пјер Вебо, играчите на ПСЖ и Башакшехир решија да го напуштат мечот.

По неколку минути дискусија на теренот, екипите се повлекоа од теренот, натпреварот не продолжи, а остатокот од натпреварот ќе се игра денес со сосема поинаква постава на судии.

Напаѓачот на ПСЖ, според романски „Дигиспорт“, имал необично барање за главен судија Овидиу Хатеган, додека сеуште постоеше можност натпреварот да продолжи синоќа.

Тој наводно го замолил Хатеган да му покаже црвен картон на својот колега и со тоа да го испрати надвор од теренот.

Оваа информација не е потврдена од други извори.