ФУДБАЛ

Мбапе изгуби огромен број следбеници на Инстаграм за само 24 часа

Килијан Мбапе одлучи да го продолжи договорот со ПСЖ до летото 2025 година.

Мбапе ја изненади фудбалската јавност со одлуката да остане во ПСЖ бидејќи многумина веќе го гледаа во дресот на Реал Мадрид.

Сепак, иако преговараше со кралскиот клуб, на крајот реши да ја прифати понудата на ПСЖ, која никој не ја очекуваше. ПСЖ му даде се што побара, а Мбапе според новиот договор ќе биде еден од најплатените спортисти во светот.

Неговата одлука ги разочара челниците на Реал Мадрид кои веруваа дека тој сигурно ќе дојде на „Сантијаго Бернабеу“. Разочарани беа и навивачите на овој клуб, кои на социјалните мрежи беа многу критични кон Мбапе.

Рекоа дека останал во ПСЖ само поради пари и дека не бирал со срце. Колку се лути на него најдобро се покажа на Инстаграм профилот на Мбапе.

Навивачите на Реал му оставија многу коментари и навреди на многу објави, а потоа многу од нив решија дека повеќе не сакаат да го следат на социјалните мрежи.

Шпанските медиуми објавија дека Мбапе изгубил над 700.000 следбеници на Инстаграм за само 24 часа и дека оваа бројка наскоро би можела да надмине еден милион.

Сепак, тешко дека ќе го погоди напаѓачот на ПСЖ, кој на Инстаграм се уште го следат дури 71 милион луѓе.