Напаѓачот Килијан Мбапе се согласил на значително намалување на платата при неговото преселување од Пари Сен Жермен во Реал Мадрид, според Sky Sports. Се очекува 25-годишниот Французин да потпише петгодишен договор со мадридскиот гигант за плата од 15 милиони евра по оданочување.
Брзистерот ќе добие и 150 милиони евра бонус за потпишување. Тоа значи дека Мбапе ќе инкасира вкупно 225 милиони евра плата доколку го исполни договорот од 5 сезони.
Платата на Мбапе во ПСЖ во сезоната 2023/24 беше 75 милиони евра годишно. Стрелецот доби и 30 милиони евра од парижаните во вид на бонус за потпис.
За период од 5 години ова изнесува вкупно 405 милиони евра или речиси двојно повеќе од она што Мбапе ќе го добие во Реал.
