Фудбалерите на ПСЖ синоќа остварија минимална победа од 1:0 во дербито против Марсеј и со тоа се вратија на врвот на табелата.
Единствениот гол на натпреварот беше дело на Нејмар, а асистент беше Килијан Мбапе, кој во последно време е на насловните страници низ светот.
Имено, се повеќе се зборува за тоа како Мбапе побарал да си замине од ПСЖ, а тоа беше топ тема во последните неколку дена.
После тоа сите важни луѓе од ПСЖ објавија дека Мбапе не поднел никакво барање за напуштање на клубот.
Секако, тешко е да се поверува дека некој од нив ќе излезе и ќе каже дека еден од најдобрите фудбалери на светот дојде и побара да си оди, но сите чекаа Мбапе конечно да се огласи.
Токму тоа се случи синоќа, кога Мбапе конечно проговори дали побарал да си замине од ПСЖ во јануари.
„Никогаш не сум побарал да одам во јануари“, изјави Мбапе кратко по победата против Марсеј, а потоа продолжи:
„Едноставно не можам да ги разберам информациите што ви беа дадени. Не сум дел од сето она за што се пишуваше во последните неколку дена“, рече Мбапе.
Мбапе призна како дознал за сите овие вести и како се чувствува.
“Бев шокиран како и сите околу мене. Спиев, а кога станав и видов што се случува едноставно бев шокиран. Среќен сум овде, сите вести се лажни”, јасно изјави Мбапе.