Килијан Мбапе денеска е главна тема на јавноста во Шпанија бидејќи одби да дојде во Реал Мадрид.
На изненадување на сите, Мбапе конечно реши да остане во ПСЖ и се очекува да потпише нов тригодишен договор со клубот, според кој ќе стане еден од најплатените спортисти во светот.
ПСЖ подготви големо славје за останувањето на Мбапе бидејќи до пред некој ден сите беа сигурни дека тој летово го напушта клубот и дека ќе се пресели во Реал Мадрид.
Мбапе преговараше со Реал и се чинеше дека се е веќе договорено, но беше очигледно дека тоа не е така. Тој во последен момент се предомисли и им порача на челниците на ПСЖ да останат на Паркот на принцовите.
Тој директно го информирал и Флорентино Перез дека ја одбил понудата на Реал Мадрид и дека нема да ја продолжи кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.
Ова го предизвика гневот на навивачите на Реал Мадрид, но и на шпанската јавност бидејќи со големо нетрпение го очекуваа доаѓањето на Мбапе во Ла Лига. Многумина го критикуваа Мбапе и му рекоа дека ги избрал парите наместо фудбалот.
Затоа се огласи неговата мајка Ламари Фајза која преку Твитер објасни дека нејзиниот син никогаш ништо не се договорил со Реал Мадрид. Таа остави коментар на објавата на новинарот Федерико Хермел кој рече: „Во денешниот фудбал има луѓе кои ги почитуваат нивните зборови и ветувања, а од другата страна е Мбапе“.
„Молчевме кога не знаевме ништо за конечната одлука. Никогаш немаше договор со Реал Мадрид“, изјави мајката на Мбапе.
Monsieur Hermel. Quand on ne sait pas on se tait .. jamais un accord n a été donné .. bien à vous
— lamari fayza (@FayzaLamari) May 21, 2022