ФУДБАЛ

„Мбапе може да има исто влијание како Роналдо во Мадрид“

Мекманаман верува дека Мбапе ќе има огромно влијание ако замине во Мадрид.

Килијан Мбапе е во состојба да има влијание врз Реал Мадрид и да заблеска како пред долги години петкратниот победник на „Балон Дол“, Кристијано Роналдо, вели Стив Мекманаман.

Мбапе е голема желба на Зинедин Зидан и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Сепак, ПСЖ инсистира и ќе стори сé што може за да го задржи Французинот, кој би можел да го чини „Лос Бланкос“ над 250 милиони евра.

„Мислам дека Мбапе може да има исто влијание во Мадрид, како Кристијано Роналдо“, рече Мекманаман.

„Мислам дека е идниот број еден откако Кристијано Роналдо и Лионел Меси тргнуваат кон крајот на своите кариери“.

„Реал Мадрид го сака, ако го добијат може да има големо влијание какво што порано имаше Роналдо“.