ФУДБАЛ

Мбапе му задава нови главоболки на ПСЖ, во Мадрид ја чекаат одлуката на Французинот

Ѕвезда на минатосезонскиот преоден рок беше Килијан Мбапе, кој медиумите подолго време го преселуваа од ПСЖ во Реал Мадрид.

 

Се чинеше дека е само прашање на време кога одличниот напаѓач ќе потпише договор со тим од Шпанија, но тој реши да остане во ПСЖ.

 

Иако се пишуваше дека Мбапе потпишал тригодишен договор со ПСЖ, француските медиуми сега пренесуваат различни информации.

Имено, се вели дека Мбапе ја продолжил соработката со својот сегашен клуб на две години, со можност за продолжување на договорот за уште една година.

 

Оваа опција не може да ја активира клубот, туку само Мбапе, доколку сака да помине уште една година во овој клуб.

 

Така, иднината на Мбапе наскоро повторно ќе биде под знак прашалник, а сето тоа затоа што тој наскоро повторно ќе влезе во последната година од договорот.

Реал Мадрид, кој е главен фаворит за доведување на Мбапе, ќе има нова можност да договори се со одличниот напаѓач од Франција.

 

Мбапе на почетокот на оваа сезона игра блескаво во дресот на ПСЖ кој со Марсеј го дели првото место на табелата.

 

Во седум одиграни натпревари неговиот тим оствари шест победи и едно реми, а има деветнаесет бода.

 

На тие натпревари Мбапе постигна седум гола, а беше и двоен стрелец во победата на ПСЖ против Јувентус во Лигата на шампионите.