ПСЖ сака да ги задржи своите две големи ѕвезди на подолг период. Иако во изминатиот период на големо се пишуваше дека Мбапе би можел во Реал Мадрид, а Нејмар да се врати во Барселона, сепак раководството на францускиот тим работи на случајот. Според спортскиот директор, леонардо веќе имаат преговори со двајцата.
-Разговорите со Нејмар одлично одат, сепак се уште нема конечен договор. Подолго време преговараме и со Мбапе и сме блиску до заеднички јазик, изјави Леонардо.
ПСЖ воедно сака да ги „врзе“ со нов договор Анхел Ди Марија и Бернарт.