Таков договор не се памети во историјата на фудбалот, но Килијан Мбапе не го прифати.
Реал Мадрид се обиде да го донесе Мбапе и понуди дури 220 милиони евра на ПСЖ, но богатиот француски клуб го одби истото и покрај фактот што договорот на Мбапе истекува следното лето.
Во Париз се надеваат дека Мбапе ќе го прифати новиот договор, но тој сепак упорно одбива се што му е сервирано, и се надева дека на крајот на сезоната ќе се пресели во Реал Мадрид како слободен играч, кога не успеа ова лето.
ПСЖ го понуди најголемиот договор во историјата на Мбапе, односно 45 милиони евра во сезоната и така до 2024 година. Сепак, Мбапе одби, тој е упорен во својата желба да го носи дресот на кралскиот клуб.
Се очекуваше дека ПСЖ може да се откаже и на крајот да го продаде Мбапе, но се чини дека парите се најмалиот проблем.