ФУДБАЛ

Мбапе: Останувам во ПСЖ без разлика на исходот од натпреварот со Баерн

Фото: Soccer Football - Coupe de France - Round of 32 - Pays de Cassel v Paris St Germain - Stade Bollaert-Delelis, Lens, France - January 23, 2023 Paris St Germain's Kylian Mbappe celebrates scoring a goal that was later disallowed REUTERS/Yves Herman - UP1EJ1N1OA2FA

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе истакна дека денешниот реванш против Баерн во Минхен во осминафиналето на Лигата на шампионите во никој случај нема да влијае на неговиот престој во Париз.

Баерн го доби првиот натпревар во Париз со резултат 1:0.

„Дали оваа игра ќе влијае на мојата иднина? Мислам не. Не сакам да покажам непочитување кон клубот, но одамна ќе си заминав ако ја врзев својата иднина со Лигата на шампионите. Среќен сум во ПСЖ и во моментов не размислувам за ништо друго освен за успехот на мојот тим“, изјави Мбапе на прес-конференцијата пред натпреварот.

Мбапе, 24-годишниот напаѓач и еден од најдобрите играчи во светот, кој се уште ја нема освоено Лигата на шампионите, во мај минатата година потпиша договор со ПСЖ до 2025 година, иако долго се пишуваше дека речиси сигурно ќе оди во Реал Мадрид.

Французинот стана најдобар стрелец на сите времиња на клубот, постигнувајќи го својот 201 гол за парижаните во неделата против Нант во натпревар од Лига 1.