ФУДБАЛ

Мбапе откри на кој меч експлодирал: Игравме против Барселона..

Фудбалерите на ПСЖ вечерва ќе одиграат натпревар од 2.коло во Лигата на шампионите.

Противник им е Макаби Хаифа, па се освен убедлива победа за тимот од Франција би било големо изненадување.

Натпреварите од Лигата на шампионите се посебни за сите фудбалери, бидејќи во текот на целата сезона, освен за титулата, фудбалерите се борат и за настап во ова натпреварување.

Во само еден натпревар од Лигата на шампионите, практично експлодираше еден од најдобрите играчи во светот, Килијан Мбапе.

Иако и пред тој натпревар покажа дека ќе биде врвен фудбалер, самиот Мбапе признава дека тоа било клучен настап за него.

„Тоа беше ноќта кога од многу добар играч станав играч кој едноставно е на друго ниво. Дадов три гола на Ноу Камп и тоа беше многу посебно. Бев горд на себе затоа што играв со многу работи. тоа ме опишуваше само мене. Ја изградив мојата личност во таа игра“, изјави Мбапе.

Тој зборуваше и за тоа дека нема криење на натпреварите од Лигата на шампионите, а токму тогаш покажувате каков фудбалер сте.

“Не можеш да се сокриеш на натпревар од Лигата на шампионите. Тогаш ќе покажеш кој си и што си. Не се криев на натпреварот против Барселона. Ја почувствував секоја можна емоција. Секако, најголемиот момент би бил да ја освои Лигата на шампионите, а јас би сакал да го направам тоа овде, со Париз“, заврши Мбапе.

Можеби Мбапе најави дека му истекува времето да ја освои Лигата на шампионите за ПСЖ, бидејќи повторно се споменува неговата преселба во Реал Мадрид.

Како што сега стојат работите, со оглед на ситуацијата со неговиот договор, можеби оваа сезона е последна, кој знае.