ФУДБАЛ

Мбапе по повредата: Се слушна пукање, но мислам дека ништо не е скршено

Килијан Мбапе го напушти финалниот натпревар во Купот на Франција против Сент Етјен.

Ѕвездата на ПСЖ беше повреден од противничкиот играч Лоик Перин, а Мбапе го остави теренот во солзи.

Мбапе се појави со патерици на церемонијата на доделување награди, а во разговорот со францускиот претседател, кој го слушна француски новинар, кога го прашале „дали е повредата сериозна“, тој рече:

„Се слушна пукање, но мислам дека ништо не е скршено“.

Тоа сигурно би било многу добра вест за ПСЖ пред Лигата на шампионите и почетокот на новата сезона во Лига 1.