ФУДБАЛ

Мбапе: Подготвен сум да умрам за овој човек

Судејќи според изјавите на играчите, во француската репрезентација го обожаваат Дидиер Дешамп.

Килијан Мбапе рече дека самодовербата на Дидиер Дешамп е најдобриот показател за неговата врска со тренерот.

„Мислам дека посебно ме повика додека не играв многу, и знаете колку тоа значи за еден млад играч“, изјави Мбапе за ТФ1, додавајќи:

„Тоа е силен сигнал, тоа е знак на доверба што вреди сите пари на светот. Знам дека мојот тренер ми верува. Чувствувам дека би можел да умрам за Дешамп“.

Мбапе не играше во петокот во победата на Франција над Исланд со 1:0, а утре вечер ќе го пропушти натпреварот со Турција во Париз.