ФУДБАЛ

Мбапе „посилен од ВАР“: Еднаш го разочара, но вториот пат Рен не се спаси

ПСЖ го совлада Рен со 1-0 во 24. коло од француската Лига 1.

Првото поголемо возбудување го видовме во 14. минута кога Сантамарија по корнер шутираше со глава, но топката за малку отиде крај голот на ПСЖ.

Домашната екипа можеше да дојде до предност кон крајот на првиот дел од играта. Мбапе ја прими топката во шеснаесетникот на гостите и шутираше, но топката ја затресе стативата. Видно нервозниот Мбапе прави фаул веднаш по што доби јавна опомена.

По 65 минути Мбапе постигна гол но попусто. ВАР интервенираше и утврди дека на голот му претходела офсајд позиција, па голот оправдано е поништен.

До крајот на мечот немаше поголеми возбудувања, до четвртата минута од судиското обештетување. Лионел Меси асистираше, а Килијан Мбапе погоди за 1:0 и неговиот тим победи. Овој пат ниту ВАР не можеше да му помогне на Рен.

Со 59 бодови, ПСЖ е прв со 16 бодови предност пред второпласираниот Марсеј, додека Рен е на 5. место со 37 бодови.

За ПСЖ следува дуел со Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите за четири дена, додека следниот предизвик Рен го очекува на 20 февруари кога во следното коло игра против Троа на домашен терен.