ФУДБАЛ

Мбапе повторно на удар од јавноста: Овојпат го спречи чистиот гол на Лионел Меси

Фудбалерите на ПСЖ вчера го победија Брест во натпреварот од 7. коло на Лига 1 со минимален резултат 1:0.

 

На натпреварот против Брест, ПСЖ беше голем фаворит и многумина очекуваа ревија на голови, но на крајот домашните само еднаш успеаја да ја затресат мрежата на гостите.

 

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 30. минута од натпреварот кога Нејмар постигна одличен гол по уште една асистенција на Лионел Меси.

Сепак, Брест во 71. минута можеше да ги шокира домашните и да израмни бидејќи имаше пенал, но на крајот Донарума фантастично одбрани од ударот на Ислам Слимани.

 

Сепак, ПСЖ вчера навистина пропушти неколку големи можности, а Килијан Мбапе повторно се најде во центарот на критиките.

 

На Мбапе не му оди оваа сезона бидејќи од ден на ден е во центарот на вниманието поради своето арогантно однесување, а вчера младиот француски напаѓач доби критики откако спречи сигурен гол на својот тим.

 

Имено, спорната ситуација се случи во 20. минута од натпреварот кога Меси имаше шанса и сите ја видоа топката веќе во мрежата на Брест, но на крајот Мбапе ги спаси гостите.

Меси одлично ја прими топката на гради и шутираше, но на патот кон голот го фати Мбапе и мина покрај голот на Брест.

Навивачите не можеа да поверуваат дека тоа не е гол, но јасно е дека Мбапе не можеше толку брзо да реагира бидејќи топката одеше кон него. Оваа ситуација покажа дека Мбапе навистина нема среќа оваа сезона, и дека му се случуваат навистина чудни работи, поради што често е мета на критики.

https://twitter.com/the_ehsanulhaq/status/1568622679804215296?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1568622679804215296%7Ctwgr%5E87398b8c548c08dcf7c22c976826d7ff7a3a717b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Flionel-messi-psg-kylian-mbappe-sprijecen-gol%2F433803

Се започна со расправија со Нејмар за тоа кој ќе го изведе пеналот, но потоа продолжи серијата арогантни потези на најплатениот играч на ПСЖ.

 

Сепак, за вчерашниот потег кога го спречи Меси, не може да се каже дека тоа го направи намерно, иако медиумите во Аргентина се обидуваат така да го претстават, но јасно е дека Мбапе немал намера да го спречи голот на својот соиграч.