ФУДБАЛ

„Мбапе сака да се приклучи на Реал, тој сигурно ќе го стори тоа“.

Килијан Мбапе наскоро би можел да ги напушти редовите на ПСЖ.

Се повеќе се зборува за одење во Реал Мадрид, а Марка тврди дека мадриѓаните ќе испратат официјална понуда.

Реал Мадрид се обидува на секој начин да ослободи што е можно повеќе простор за платата што би им ја понудил на Мбапе. Тој во моментов заработува 18 милиони евра годишно во ПСЖ, половина од Нејмар и сака клубот да се однесува кон него како кон бразилската ѕвезда.

Кралевите можат да му понудат нешто поголема плата, но тешко дека ќе биде поголема од 20 милиони евра годишно, но понудата сигурно ќе оди на адреса на ПСЖ и играчите.

Поранешниот соиграч од Мбапе, Џеси Родригез тврди дека Мбапе сака да се пресели во Реал.

“Негов идол отсекогаш бил Кристијано Роналдо, Мбапе започна да го следи како 16-годишник. Тој дефинитивно ќе се пресели во Реал еден ден”, изјави Родригез.

Родригез се врати во Лас Палмас пред неколку дена.