Реал Мадрид утре ќе го пречека ПСЖ во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
ПСЖ славеше со задоцнетиот гол на Килијан Мбапе со 1:0 во Париз, па се очекува голема неизвесност на реваншот кој утре од 21 часот се игра во Мадрид на Сантијаго Бернабеу.
Мбапе многумина го гледаат во Мадрид од летото и тој е примарна цел на претседателот на Реал, Флорентино Перез.
Фудбалерите на ПСЖ веќе пристигнаа во Мадрид, а мадриѓаните со нетрпение го очекуваа Килијан Мбапе, сметајќи го за нивно најново засилување, иако се уште не се знае иднината на Французинот.
Стотици навивачи се собраа на аеродромот Барахас Адолфо Суарез во Мадрид и нетрпеливо чекаа 12:30 часот, кога парижаните требаше да пристигнат.
Навивачите доаѓаа облечени во маички на Лионел Меси, Нејмар или Серхио Рамос, поранешниот капитен на Реал Мадрид, но главниот протагонист несомнено беше Мбапе.
Мбапе се повреди на вчерашниот тренинг на ПСЖ и неговиот утрешен настап е доведен во прашање. Тоа би било голем хендикеп за парижаните, чиј тренер Маурисио Покетино поради повреди не може да смета на Серхио Рамос и Андер Ерера.
https://twitter.com/i/status/1501177493193175043
Да потсетиме, Мбапе во ПСЖ пристигна од Монако во летото 2017 година и со парижаните беше трикратен француски шампион, но следен предизвик е Лигата на шампионите во која стигна до финалето каде во 2020 година беа поразени од Баерн Минхен.
Сезонава постигна 24 гола на 34 натпревари и им подели 17 асистенции на соиграчите.