Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел објави дека една од sвездите на тимот, Килијан Мбапе има нова повреда.
Францускиот репрезентативец пропушти околу еден месец поради повреда на грбот и се врати во игра кон крајот на септември.
– Килијан нема да биде дел од тимот некое време. Му треба време за опоравување. Ова е различна повреда и не е повторување на старата, објасни Тухел.