ФУДБАЛ

Мбапе својата иднина ја гледа во ПСЖ и сонува за учество на Олимпијадата

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека се уште се гледа себеси во тој клуб во иднина и го потврди својот „сон“ за учество на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

„Во Пари Сен Жермен. Имам договор со Пари Сен Жермен“, изјави Мбапе за France 3 на прашањето каде се гледа себеси следната сезона.

Во мај 2022 година, овој 24-годишен француски напаѓач го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Запрашан за неговите следни цели, Мбапе рече дека сака да ја освои Лигата на шампионите.

„Веќе го одиграв финалето (пораз од Баерн 2020), поминав полуфинале, четвртфинале, осминафинале… Направив се, освен освојување на Лигата на шампионите. Тоа е што ми недостасува. Се надевам дека тоа ќе дојде што е можно поскоро“ , изјави Мбапе.

Зборувајќи за Олимписките игри, кои се закажани од 26 јули до 11 август 2024 година, Мбапе ја повтори желбата да учествува.

„Се надевам дека ќе бидам таму. Сите знаат дека отсекогаш сум сонувал да играм на Олимпијадата, но тоа не зависи само од мене. Има многу работи за размислување…“ – изјави Мбапе .

„ Точно е дека не е во календарот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Има и клуб, репрезентација, ќе се игра Европското првенство (14 јуни – 14 јули), па ќе мора да разговараме Сето она што треба да се направи, земете го предвид, но секако дека би било сон да се игра на Олимписките игри, особено во Париз “, заклучи тој.