ФУДБАЛ

Мбапе тестиран на коронавирус!

Напаѓачот на ПСЖ, кој не тренира изминативе два дена, во вторникот беше тестиран на коронавирус.

Мбапе беше болен од понеделникот и беше тестиран за коронавирус во вторникот вечерта поради симптоми што ги имал.

Според „L’Equipe“, резултатите од тестот треба да бидат објавени вечерва или утре наутро.

Екипата на Мбапе утре пред празните трибини ќе биде домаќин на Борусија Дортмунд во реваншот од 1/8 финале во Лигата на шампионите.

Првиот натпревар, одигран во Дортмунд пред две недели, му припадна на Борусија со резултат од 2:1.

Мбапе можеше да го промаши реваншот, но прегледите ќе покажат каква е грипот и дали Французинот е подготвен да биде во комбинацијата за утрешниот дуел.