Раководството на Бугарскиот фудбалски сојуз ја разгледува опцијата Бугарија да биде домаќин на Македонија на стадионот Хувефарма Арена во Разград, дознава Sportal.bg. Македонија гостува на нашиот сосед на 2 јуни во првиот натпревар од Лигата на нации, а во групата уште се наоѓаат Грузија и Гибралтар.
-Навистина постои таква опција. Разговаравме со стручниот штаб некои од натпреварите да се играат на различно место од Софија. Една од опциите е да се игра со Македонија во Разград. Сепак, ова се само разговори, во оваа фаза не е донесена конечна одлука, изјави за Sportal.bg техничкиот директор на репрезентациите Георги Иванов-Гонзо.