ФУДБАЛ

Мечот Воска Спорт-Вардар не го доживеа својот крај, фудбалерите демонстративно го напуштија теренот (ВИДЕО)

Дуелот помеѓу Воска Спорт и Вардар не го доживеа својот крај. Имено, во 76-тата минута домаќините се одлучија да го напуштат теренот, поради како што велат тенденциозното и неправедно судење на судиите. Тие се жалат дека се оштетени со судењето.

Во соопштението на клубот се вели:

Воска спорт го изразува својот револт и жалба, информирајќи ја Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за спорните судиски одлуки на последниот натпревар меѓу нашата екипа и Вардар. Од првата минута од натпреварот нашите играчи не беа рамноправни на теренот со противниците поради низата неправедни судиски одлуки кои значително се одразија на текот на играта и исходот на натпреварот. Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, што доведе не само до нефер игра, туку и до серија неосновани опомени и казни кон нашите играчи. За жал, поради овие сериозни неправди, во 76. минута нашиот тим беше принуден да се повлече од игра. Сметаме дека ова беше единствената можна одлука да ги заштитиме правата на нашите играчи и да спречиме понатамошно нарушување на спортскиот интегритет. Во оваа насока бараме од ФФМ да ги разгледа спорните одлуки на судиите и да преземе мерки за спречување на вакви ситуации во иднина. Се надеваме дека ќе се спроведе детална истрага за судиските одлуки и ќе се обезбеди фер и рамноправна игра за сите екипи, се вели во реакцијата.
Резултати од ПМФЛ:
Воска – Вардар 1:1 (прекин 76-та минута).
ШкупиСилекс 1:2
ТиквешАкадемија Пандев 2:1
РаботничкиПелистер 2:1
Струга – Гостивар 1:1
Беса – Шкендија 2:3

ПОВРЗАНО

ВардарШкендијаРаботничкиАкадемија ПандевПелистерСилексТиквешШкупиСтругаГоран Пандев