ФУДБАЛ

Медиумите го нарекуваат шокантно: Видовте ли кој сака да го донесе Единсон Кавани?

Единсон Кавани е слободен играч од 30 јуни откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед.

Францускиот весник Nice-Matin објави дека 35-годишниот напаѓач е на листата на желби на Ница бидејќи „се вклопува во посакуваниот профил на клубот“, а цитираниот извор смета дека евентуалниот потег е „шокантен“.

Кавани е баран во Ница од претседателот Жан-Пјер Ривер.

 

Навистина, првиот човек на тимот кој минатата сезона во Лига 1 ја заврши на 5то место е познат по ваквите изненадувачки „маневри“, ако се земе предвид дека успеа да донесе повеќе ѕвезди како Хатем Бен Арфа во 2015 година или Марио Балотели една година подоцна.

 

Доколку Ница го доведе уругвајскиот напаѓач, тоа би значело дека клубот би можел да го напушти младиот напаѓач Еван Гесан, кој е заинтересиран за неколку екипи.

Кавани не е единственото големо име кое Ница го посакува ова лето. Клубот преговараше и за голманите Јан Сомер и Стив Манданда.

 

За Кавани се заинтересирани и Валенсија, Рајо Ваљекано, Елче и Салернитана, но тој многу би сакал кариерата да ја заврши во некое од силните првенства во кои се уште не играл.

 

Со преселбата во Ница, Кавани би се вратил во Лига 1, каде веќе со значителен успех го носеше дресот на ПСЖ.

 

Единсон Кавани минатата сезона настапи на само 20 официјални натпревари за Јунајтед, постигна два гола и една асистенција.

 

Вкупно, за две сезони во Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани одигра 59 натпревари, постигна 19 гола и даде седум асистенции.