ФУДБАЛ

Медиумите го „закопаа“, а тој прави тим за следната сезона: Мурињо наоѓа замена за Бејл

Иако по испаѓањето во осминафиналето од Лига Европа од Динамо, се шпекулираше за заминувањето на ||Жозе Мурињо од клупата на Тотенхем, се поизвесно е дека ништо од ова нема да се случи.

Имено, Жозе Мурињо започна да составува тим за следната сезона, што сугерира дека тој ќе ги предводи популарните Петли и следната сезона.

На врвот на списокот со желби на португалскиот стручњак е напаѓачот на француски Лил, Џонатан Бамба, кого Мурињо го смета за идеална замена од Герет Бејл, кој ќе се врати во Реал на крајот од сезоната.

Сè уште не е познато за колку пари е подготвен Лил да го ослободи Бамба, но островските медиуми тврдат дека Тотенхем нема да штеди и дека ќе сторат се за да го доведат во своите редови.

Оваа сезона Бамба одигра 30 натпревари за Лил во шампионатот, постигнувајќи шест гола на кои додаде девет асистенции.

Покрај Лил, во досегашната кариера тој играше за Сант-Етјен, Париз, Синт-Трујден и Анжер.

ПОВРЗАНО

Лига Европа