Роберт Левандовски уште еднаш го предводеше Баерн Минхен до победата, овојпат постигна хет-трик против Штутгарт (4-0).
32-годишниот голгетер моментално има 35 погодоци на 25 настапи во Бундеслигата. На преостанатите осум настапи, потребни му се шест гола за да го надмине Герд Мулер, кој го држи рекордот со 40 гола во една сезона.
„Нема зборови да го опишеме“, пишуваат западните медиуми, кои известуваат за спектакуларното издание на Полјакот. Левандовски даде совршен хет-трик за 22 минути – лево, десно стапало и глава.
“Левандовски не е од оваа планета. Полската sвезда продолжува да изненадува и е на пат да ги сруши сите рекорди во Бундеслигата. Му требаат само пет гола за да ги изедначи резултатите на Мулер”, пишува мадридски АС.
Германците му се поклонуваат на Левандовски. Сите медиуми, вклучително и најпрестижните, му дадоа оценка „10“ за неговата изведба, а во Германија е максимална оценка.
Суддојче цајтунг го опиша неговиот прв гол како „уметничко дело“, а Билд напиша дека изведбата на Роберт е „едноставно луда“.
И, иако е толку малку од рекордот на Мулер, и веќе ја надмина својата најдобра (последна) сезона, Левандовски скромно останува со две нозе на земја. „Не размислувам за рекорди, одам од натпревар во натпревар со желба Баерн да ги постигне зацртаните цели“, вели Лева.