ФУДБАЛ

Мега засилувањето на Јунајтед го прескокнува почетокот на сезоната

Новиот играч на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда на грбот, соопштија од клубот.

Младиот дански напаѓач пред четири дена потпиша договор со Јунајтед до јуни 2028 година. На Аталанта му биле исплатени 75.000.000 евра.

Хојлунд денеска тренираше, но ќе мора да пропушти неколку недели поради повреда на грбот, која ја заработи додека настапуваше за Аталанта.

Во соопштението на Манчестер Јунајтед се наведува дека Данецот ќе има индивидуални тренинзи до целосно опоравување.

Хојлунд минатата сезона одигра 42 натпревари, постигна 16 гола и имаше девет асистенции за Аталанта во сите натпреварувања.

Манчестер Јунајтед на 14 август ќе го пречека Вулвешамптон во првото коло од новата сезона во Премиер лигата, додека пет дена подоцна ќе му гостува на Тотенхем.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига