ФУДБАЛ

Мегваер и понатаму е најскапиот дефанзивец во светот, но Челзи е решен да го симне од тронот

Хари Мегваер и понатаму е најскапиот дефанзивец во светот, но тоа наскоро би можело да се промени.

 

Во 2019 година Манчестер Јунајтед го купи Мегваер од Лестер за 87 милиони евра. Гледајќи од денешна перспектива, тоа не беше баш добар потег и многумина едноставно не можат да поверуваат дека Мегваер е играч кој е платен толку многу пари.

 

Три години подоцна, следниот шут-стопер на Лестер може да ја узурпира неговата неофицијална титула. Бидејќи, како што пренесува британскиот весник The Telegraph, Весли Фофана (21) би можел да се пресели во Челзи за неверојатни 95 милиони евра.

Клубот на Томас Тухел веќе испрати две понуди за младиот Французин. На „Лисиците“ не им беа доволни 60 милиони и 71 милион.

 

Тие понуди на Кинг Пауер се сметаат за недоволни за продажба на талентираниот стопер, но наводно Челзи ќе понуди 90 милиони, што дефинитивно би ги променило ставовите на управата на Лестер.

 

Брендан Роџерс, менаџерот на Лестер, изјави дека понудите биле одбиени бидејќи не успеал да најде соодветна замена, но има уште време до крајот на преодниот рок. Доколку Лестер го продаде играчот за 90 милиони евра, не би требало да има проблем да ја доведе неговата замена.

Фофана е во Англија од 2020 година, кога дојде од Сент Етјен беше доведен за 35 милиони евра и стана еден од најдобрите дефанзивци не само во Премиер лигата, туку и во светот.

 

„Сините“ во ова трансфер лето веќе вложија 186,59 милиони евра. Со 95 милиони евра може да се постави нов рекорд. Неверојатни 260 милиони беа потрошени во 2017 година – вклучувајќи ги неуспешните потези како Алваро Мората (66 милиони), Тиемуе Бакајоко (40 милиони) и Дени Дринквотер (37,9 милиони).

ПОВРЗАНО

Премиер Лига