ФУДБАЛ

Мегваер ја критикуваше организацијата на Премиер лигата

Многу натпревари во англиската Премиер лига се одложени поради коронавирусот.

Ова значително го наруши традиционалниот „Boxing day“ и ќе направи врева со темите подоцна во сезоната за играње на заостанатите натпревари.

Ова предизвика многу коментари во фудбалските кругови на островот, а се огласи и дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, кој изјави дека може да се продолжи една рунда од „Boxing day“.

„Немаше да изгубиме ништо ако имаше еднонеделна пауза. Вирусот создаде проблем и тоа е виша сила“, рече Мегваер, а потоа продолжи:

„На играчите и на клубовите ќе им треба период на навикнување на тренажниот процес кога ќе се вратат од изолација, додека некои играчи нема да ги имаат овие проблеми бидејќи натпреварите на нивните клубови не се одложени. Тренинг центрите се затворени до крајот на месецот, па затоа вирусот ќе создаде нови проблеми кои ќе се видат подолу првенството“.

Во 20. коло беа одложени дуелите Арсенал – Вулверхемпто и Лидс – Астон Вила.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига