Капитенот на Манчестер Јунајтед Хари Мегваер постојано е на удар на медиумите, па и на социјалните мрежи. Пред три години тој стана најскапиот платен дефанзивец во Англија, со неговиот трансфер за 87 милиони од Лестер во Јунајтед. Но, не покажа многу за парите кои беа платени за него.
Сепак, тој вели дека причината за тоа што пишуваат постојано за него е друга.
-Јас сум капитен на Јунајтед, тогаш тоа е голема вест, тоа го прават за кликови сите големи медиумски куќи“, истакна Мегваер.