ФУДБАЛ

Мегваер повторно беше виновник за голот, а еден негов потег го остави целиот свет без зборови

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска беа поразени на гостувањето кај Евертон со 1:0.

Евертон стигна до златото вредно три бода во борбата за опстанок, додека „црвените ѓаволи“ уште еднаш ги разочараа своите навивачи.

Хари Мегваер, кој беше главниот виновник за голот, и овојпат беше критикуван, но ова не беше единствената ситуација поради која капитенот на Манчестер Јунајтед беше мета на критики.

Имено, неверојатна ситуација видовме во 29. минута од натпреварот кога Евертон имаше напад. Топката го погоди Немања Матиќ во раката, а потоа Мегваер ги шокираше сите со својата реакција.

Капитенот на „црвените ѓаволи“ побара од судијата да ја прекине играта бидејќи неговиот соиграч играше со рака, а таквиот потег дури ги остави без зборови навивачите на Манчестер Јунајтед.