Младата sвезда на Челзи, Мејсон Маунт, беше херој на вчерашното дерби на „Енфилд“.
Маунт го постигна единствениот гол во победата на „сините“ над Ливерпул, петти пораз на „црвените“ на домашен терен, додека Челзи под водство на Томас Тухел продолжи да доминира.
Маунт имаше невообичаена прослава на голот, а сега откри како дошол до идејата. Во тоа му помогна и неговиот соиграч Рис Џејмс.
„Јас и Чили (соиграчот Чилвел) секогаш седиме зад Зума во авионот кога патуваме на натпревар од Лигата на шампионите и слично. Тој секогаш гледа цртани филмови, а ние обично го гледаме одзади и му се смееме. Рековме ако некој од нас постигне гол, тој ќе го прослави со глумење некое момче од цртаниот филм.
Самиот Монт по натпреварот објави уредувана верзија на неговата прослава на Твитер, со натпис инспириран од Змејската топка.
https://twitter.com/masonmount_10/status/1367619026361454593?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1367619026361454593%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fmason-mount-slavlje%2F392838