ФУДБАЛ

Мемфис Депај направи некои чудни потези, дали ова значи дека ја напушта Барселона?

Холандскиот репрезентативец не изгледаше несреќно во Барселона, но некои негови потези ги збунуваат навивачите на каталонската гордост.

Барселона неодамна ја победи Мајорка, но нивната игра и понатаму е под нивото, а во сето тоа сивило се вклопи Депај кој дојде од Лион како големо засилување.

Секогаш очекувам од себе да постигнувам голови и да имам високи амбиции. Морам да постигнувам повеќе.

Тој има договор со клубот до летото 2023 година, а неодамна се споменуваше и можноста за негово заминување, иако самиот играч никогаш не покажал таква желба.

Но, сега на својот Инстаграм профил ја отстрани главната фотографија на која е во дресот на Барселона, а го отстрани и описот на кој пишува дека е играч на Барселона.

Овие ситници ги тераат фановите да размислуваат и се чини со причина. Дали Депај ќе биде „новиот Ромелу Лукаку“ кој има големи несогласувања во Челзи и сака да си замине, останува да видиме…